
СЕ ГРАДИ НОВАТА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ 20.4.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска /02.04.2017 година/ извршија увид во градежните работи на новата атмосферска канализација што се гради во Долно Лисиче.
- Градежните работи на новата атмосферска канализација на улиците „1“ и „20“, во Долно Лисиче, се во тек. Оваа атмосферска канализација се гради на должина од 1.800 метри и ќе ги реши долгогодишните проблеми со кои се соочуваа жителите од овој дел од општината Аеродром со одведувањето на дождовницата. Новата мрежа ќе ги собира и одведува атмосферските води во реката Вардар. Во овој капитален проект ќе се вложат околу 24 милиони денари. Средствата се обезбедени од Град Скопје и од Општина Аеродром, по половина. Градот Скопје ќе продолжи да дава поддршка на скопските општини за сите проекти што се од корист на граѓаните и што ќе ги подобрат условите за живеење во градот – рече градоначалникот Коце Трајановски.
Градоначалникот Коневски, пак, се заблагодари на добрата соработка со Градот Скопје и на поддршката за реализацијата на овој капитален проект.
- По изградбата на фекалната канализација, реконструкцијата на водоводната мрежа, како и поставувањето на осветлувањето, сега во Долно Лисиче, на улиците „1“ и „20“ градиме и атмосферска канализација. Градежните работи на новата мрежа треба да завршат за околу три месеци. Целта на овој проект е да се подобрат условите за живеење во ова населено место – нагласи денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.
- ВЕСТИ
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност