АВЛ СИСТЕМОТ ОД 01.01.2016 ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП, А ОД 01.05.2016 И ВО ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ 04.1.2016
Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 01.01.2016 година ќе почне користењето на електронските картички и функционирањето на АВЛ системот во автобусите на ЈСП- Скопје.
Заради зголемениот интерес на приватните превозници за вклучување во овој ситем, електронските картички во приватните автобуси ќе може да се користат од 01.05 2016 година.
Досега целосно е инсталирана опремата во 377 автобуси на ЈСП СКОПЈЕ која вклучува ГПС, ВЦУ (контролна единица), валидатор, фискален апарат, аудио известувања, внатрешни дисплеи во автобусите, а поставени се и инсталациите за втор валидатор.
Ве известиме дека најавуваниот старт на интегрираниот тарифен систем ќе биде одложен од причина што предвидената бројка од 500 автобуси кои ќе сообраќаат во градскиот превоз се зголеми за дополнителни околу 130 возила по завршувањето на огласот на кој аплицираа приватните превозници. Сакаме да напоменеме дека опремата која се вградува во автобусите не е во сериско производство и истата се изработува исклучиво за потребите на градскиот јавен превоз во градот Скопје, а времето за изработка и достава на истата во зависност од опремата е од 2 до 4 месеци.
Воедно, би сакале да напоменеме дека имаше задоцнување на дел од приградските општини за потпишување на Договорот за вршење јавен превоз со Градот Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
