БЕЛА НОЌ 2018 30.5.2018
На 6.10.2018 е закажана 14. БЕЛА НОЌ. Младинскиот културен центар и Градот Скопје, распишаа ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на уметници што на есен ќе бидат дел од ова целодневно културно будење на Скопје.
Годинава, како и секоја БЕЛА НОЌ, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм и јавна уметност и урбани изведби и перформанси.
Селекцијата на уметниците ќе ја направат организаторите. Учесниците ќе бидат селектирани врз основ на поднесените апликации. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Дополнително, дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.
Тематската целина, која ќе ги обедини проектите на годинешното издание на БЕЛА НОЌ е темата ИНСТАЛАЦИЈА СКОПЈЕ.
ИНСТАЛАЦИЈА СКОПЈЕ претставува интервенција на уметниците во конкретен простор, преку кој се модификува перцептивното искуство на набљудувачот, а самиот простор се збогатува со ново значење.
Подетално, тематската замисла на ИНСТАЛАЦИЈА СКОПЈЕ е овозможување на разни видови инсталации, кои ќе бидат во контекст на урбаното живеење генерално, но и гледање на Скопје преку сите негови урбани културолошки и еколошки проблеми. Во галериите може да се остваруваат и нетематски инсталации и перформанси.
Со цел да земат учество на повикот, уметниците треба да ги поднесат следниве документи:
- биографија со личните податоци за уметникот или групата;
- фотографии, скици и цртежи;
- промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти...;
- пополнета и потпишана апликација (во продолжение).
Апликациските форми заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 1јуни 2018 година, на следниве адреси:
Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2018),
Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје, Македонија
или по пат на електронска пошта на contact@belanok.mk
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
