БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ И ЗАШТИТАТА НА ОБЈЕКТИТЕ ОКОЛУ ВАРДАР СЕ ПРИОРИТЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ 12.12.2017
Обилните врнежи од дожд кои го зафатија Скопје во текот на изминатите денови предизвикаа излевање во мајор коритото на реката Вардар и штета на скапо платените објекти од проектот „Скопје 2014“. Градбите и градежните активности што се дел од овој проект, а се одвиваат во коритото на реката на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до Камениот мост, ја намалуваат проточноста на коритото и при надојдена вода претставуваат опасност по безбедноста на градот од поплави.
- Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува реална опасност по граѓаните на Скопје и нивните имоти. Во јавноста се презентираше неговата корисност за развој на туризмот во Скопје. Изминативе неколку дена потврдија дека оваа слика не само што не го развива туризмот, туку претставува опасност за безбедноста на целиот град – истакна градоначалникот Шилегов.
Тој додаде дека состојбата на подрумите на објектите околу реката Вардар јасно покажуваат дека залудно се потрошени милионски суми за изградба на овие објекти.
Екипите на Градот излегоа на терен и веќе го расчистуваат насобраниот отпад во и околу коритото на реката Вардар, што го донесоа надојдените води по обилните дождови.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
