Посета на Пунктот на бездомници 17.1.2019
Некои наши граѓани, поради различните животни околности, загуби, сиромаштијата останале без дом и услови за ноќевање. Отсуството на социјална поддршка од блиски роднини и пријатели, недоволната исхрана, облека и недостатокот на грижата за себе, уште повеќе ја влошува нивната здравствена состојба и ги изложува на други многубројни ризици.
Градот Скопје во Црвениот крст на град Скопје го препозна вистинскиот партнер за решавање на ова прашање.
Секоја година, Градот Скопје финансиски го поддржува Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници кое овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување на хигиената и други психосоцијални услуги.
Денеска по повод Новогодишните празници, Градоначалникот на лицата без дом им подели пакети со облека ( вреќи за спиење, зимски топли јакни, сет капа шал и ракавици, кабаница, ѕиври и топли чорапи). Предновогодишната атмосфера беше одбележана и со заеднички топол оброк.

Во 2019 година издвоени се средства за проширување на капацитетот на пунктот за унапредување на услугите кои ги добиваат бездомните лица.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
