ОДЛИЧНА ЗАБАВА НА БОЕМСКАТА УЛИЦА ВО ПРВАТА ВЕЧЕР ОД ЗАБАВАТА СУПЕР СКОПЈЕ 11.9.2017

 

 

 

 

Големата забава „Супер Скопје“ вчеравечер /08.09.2017 година, петок/ продолжи на Боемската улица во Дебар Маало, каде приутните се забавуваа со музиката на поголем број на домашни изведувачи.

Оваа вечер за одличната забава, на сцената поставена кај Боемска улица 1 (кај гостилницата „Канцеларија“), се погрижија Влатко Илиевски, како и етно составите Фолтин и Синтезис.

Супер Скопје продолжува и вечерва со почеток во 21 часот, каде посетителите, на сцената посатвена на Боемска улица 2 (помеѓу гостилниците „Идадија“ и „Кај Перо“), ќе се забавуваат со Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев Оркестар.

Проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје.

Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

За потсетување, согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час .