ГРАДОТ СКОПЈЕ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“ 03.4.2016
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
Градот Скопје вчеравечер /19.03.2016 година/ беше дел од акцијата „Часот на планетата Земја“ - најголемата светска волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата. Мотото на глобалната акција оваа година е „Заблескај светлина на климатските промени“.
Акцијата „Часот на планетата Земја“ траеше од 20:30 до 21:30 часот, каде илуминацијата беше исклучена на следните локации во центарот на градот:
- Палатата „Пелистер“,
- Ристиќевата палата,
- Камениот мост,
- Скопската тврдина,
- Паркот „Жена борец“ и спомениците,
- Плоштадот „Филип Втори“,
- Мостот „Око“ и
- Мостот на уметноста.
Покрај исклучувањето на илуминацијата на овие објекти, на настанот се изведе и преформанс со 300 свеќички на улицата Македонија.
Ова глобално еколошко движење е креирано од WWF (World Wildlife Fund), а поддржано од Обединетите Нации. Во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ се вклучуваат над 170 земји, а многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на споменици, згради, мостови, канделабри во парковите и слично.
Целта на овој настан е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ







