ЗАСАДЕНО ДРВО НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА МЕСТОТО НА ЌОСЕТО 29.8.2018
Градоначалникот Шилегов, заедно со заменик-министерот за надворешни работи на СР Германија Михаел Рот, претседателката на Градскиот совет на партијата СПД во Нирнберг, Ања Прелс-Камерер и амбасадор на СР Германија Томас Герберих и претставници од збратимениот град Нирнберг, денеска одржаа прес-конференција пред Судска палата.
- На оваа локација на која пред нешто повеќе од 2 месеци беше отстранета дивоградбата на која беше поставен споменикот на Андон Лазов Јанев –Ќосето, денеска е засадено дрвото на човековите права. Поставувањето на споменикот на Ќосето пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Но, отстранувањето на споменикот и засадувањето на таканареченото дрво на човекови права на местото на постаментот-дивоградба е симбол на почитување на законитоста, правдата и правичноста - истакна Шилегов.
Дрвото кое ја замени дивоградбата е од видот Гинко, симбол на правата на човекот.
Токму затоа покрај дрвото ќе биде поставена изгравирана плоча која ќе потсетува на правото на праведно и јавно судење на секој граѓанин пред независен и непристрасен суд изразено во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации.
- Плочата која е донација од збратимениот град Нирнберг ќе упатува порака дека во судот правдата се дели непристрасно. Судството ќе биде независно и ослободено од политичка контрола. Еднаквоста на граѓаните пред законот е гарантирана. Со овој потег Градот ја избира симболиката на законитоста пред нелегалноста, правдата пред партиската послушност, животот пред бронзата и бетонот – нагласи Шилегов.
Тој, додаде и дека секое засадено дрво остава траен белег во влогот за подобар живот за сите, а секој чекор преземен од градската администрација е во насока на подобрување на условите за живот на сите граѓани.
Шилегов се заблагодари на збратимен град Нирнберг за донацијата на плочата и за поддршката што ја дава на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
