ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ 06.8.2018
Денеска (26.07.2018 година,четврток), на градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи пред 55 години.
Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, како и делегација на Советот на Град Скопје.
Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје во далечната 1963 година, дадоа и делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии во Република Македонија, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на РМ, делегација на Армијата на Република Македонија, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, како и граѓани на Републикава.
Цвеќиња на гробиштата на загинатите од земјотресот, положија и официјални делегации од странство, меѓу кои: делегација од Соединетите Американски држави, Република Кина, Република Франција, Кралството Холандија, Руската федерација и делегација од Европската Унија.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
