ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ТРАЈКОВСКИ 15.3.2018
По повод одбележувањето на 14 години од смртта на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, делегација на Град Скопје, денеска / 26.02.2018 година, вторник/, положи цвеќе на неговиот гроб во Алејата на Великаните на градските гробишта Бутел.
Делегацијата на Град Скопје, беше составена од Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, советникот на градоначалникот, Азиз Максутовиќ и членот во Советот на Град Скопје, Петар Шапе.
Со овој чин, делегацијата на Град Скопје, оддаде почит на Вториот Претседател на независна Република Македонија, кој на 26 февруари, 2004 година, во атарот на село Ротимље, во близина на Мостар, трагично го загуби својот живот, во авионска несреќа.
Цвеќе, на гробот на Борис Трајковски, положија и делегации од Владата на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија, од Министерството за култура, од АРМ, претставници на политички партии, претставници од дипломатскиот кор, претставници на образовни и научни институции, здруженија, како и голем број граѓани од нашава земја и од странство.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
