СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ТРКА НА ДЕДО МРАЗОВЦИ ВО СКОПЈЕ 25.12.2016
Денеска /25.12.2016 година, недела/ во Скопје се одржа традиционалната Дедо Мразовска трка, чии старт и цел беа на плоштадот „Македонија“.
Дедомразовците во третата трка од овој вид, трчаа на траса долга 2 километри, каде стартуваа од плоштадот „Македонија“, по улиците „Никола Вапцаров“, „Димитрија Чуповски“, „Даме Груев“, „Филип Втори Македонски“, покрај кејот на Вардар од МНР кон Археолошкиот музеј, плоштадот „Филип Втори“, Камениот мост и завршија на целта – повторно на плоштадот „Македонија“.
На овогодинешната трка учество зедоа повеќе од 450 учесници, кои трчаа во целосен дедомразовски костум.
Дедомразовската трка се одржува по трет пат во Скопје и слична ваква трка се одржува во голем број на светски метрополи.
Оваа трка е дел од богатата Ново годишна програма на Град Скопје, а трката е организирана од страна на „Пивара-Скопје“.
Резултати
Машка категорина
1. Дарио Ивановски
2. Атанас Анчевски
3. Богдан Цветковски
1. Рената Соколовска
2. Тамара Славевска
3. Ивана Кипријановска
Младинци
1. Марко Јовановски
2. Калина Марковска
3. Ива Цветковска
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
