ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГРАДОТ НАНЧАНГ ВО ПОСЕТА НА ГРАД СКОПЈЕ 25.2.2016
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска /04.02.2016 година, четврток/ остварија средба со делегација од збратимениот град Нанчанг, Народна Република Кина.
Делегацијата од Нанчанг е предводена од Веи Гуохуа (Wei Guohua) заменик директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг, а во делегацијата има претставници од локалната и од регионалната власт од областа на меѓународната соработка, културата и односите со јавноста.
Градоначалникот Трајановски на гостите им пожели добредојде и изрази надеж дека истите ќе имаат убав престој во Скопје. Тој потенцираше дека Скопје и Нанчанг имаат богата историја на успешна соработка во многу области и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.
- Скопје и Нанчанг се збратимени 31 година, а ова е втора година по ред во Скопје да се одбележи Кинеската Нова година со настап на културнен асамбл од Нанчанг. На средбата разговаравме за соработката помеѓу двата града, која е добра, како и за повеќе форми за продлабочување на истата. Во насока на продлабочување на соработката планираме во текот на оваа година делегација од Скопје да го посети Нанчанг, а како потенцијални области за развивање на соработката се економската соработка и туризмот, кажа градоначалникот Трајановски.
Господин Веи Гуохуа се заблагодари за убавиот прием и ги пренесе поздравите од жителите на Нанчанг, притоа упатувајќи покана до жителите на Скопје и Македонија да ја посетат Кина и Нанчанг.
Вечерва во 19:30 часот во Македонскиот народен театар, по повод Кинеската Нова година ќе се одржи музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ


