ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИНДОНЕЗИЈА ВО ПОСЕТА НА ГРАД СКОПЈЕ 12.12.2017

 

 

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска (05.12.2017 година), оствари работна средба со Делегација од Група за билатерална соработка со Македонија на Претставничкиот дом на Република Индонезија, на Република Македонија.

Делегацијата, ја предводеше Абдул Малик Хараман, заменик-претседателот на Делегацијата, а во придружба на Делегацијата беше и Н.Е. Сри Астари Расјид, амбасадор на Република Индонезија за Република Македонија резидентна во Софија, Република Бугарија.

Претседателката Јанчева, во свое име и во името на Градоначалникот на Град Скопје, ги поздрави и им пожели топло добре дојде на членовите на Делегацијата. Едновремено, го искажа и своето задоволство од средбата, од причина што, ова е прва посета на Делегација од Индонезија, на Град Скопје.

- Вашата Посета и заедничкава средба, за нас е голема одговорност и провокација за воспоставување и одржување на нејзиниот континуитет -истакна Јанчева.

Опсегот, значењето и содржината на средбата, отворија и допреја суштествени прашања, а фокусот на Претседателката Јанчева, пред се, беше преставувањето на градот Скопје во историски и културолошки контекст, но и на Град Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа.

Делегацијата, срдечно беше поздравена и од Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој се заблагодари за посетата и изрази надеж дека Ваквите посети и  средби во иднина можат да произведат и понатамошна соработката помеѓу двете држави и двата града, Скопје и Џакарта.

Домаќините на работната средба, од друга страна, беа срдечно поздравени од Абдул Малик Хараман, заменик-претседател на Делегацијата, и од Н.Е. Сри Астари Расјид, амбасадор на Република Индонезија за Република Македонија резидентна во Софија, Р.Бугарија. Поздравот ја изразуваше огромната благодарност до Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и до Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за почитта и за срдечниот прием.

- Голема благодарност за денешниот прием. Неколку денови сме во Вашиот град и уживаме  во неговите убавини. За жал, ова е наша последна дестинација, но ова не е и наша последна посета на Вашиот град, затоа што и во иднина ќе ја бараме поддршката на Град Скопје и  на Советот на Градот, за зајакнување на односите помеѓу Република Македонија и Република Индонезија“, истакнаа  Абдул Малик Хараман и Н.Е.  Сри Астари Расјид, која едновремено упати и покана до присутните да бидат дел од индонезиската вечер, закажана за денеска  во 18.30 часот во МКЦ, каде што ќе биде прикажан познат филм  од Индонезија.

На самиот крај на средбата на која присуствуваа и членовите на Советот на Град Скопје, Биљана Габер, Драги Давчевски, Ирена Попова, Бесник Ајет, Садат Рамадани, Ибуш Јусуфи, Фадиљ Ника, како и претставници од градската администрација, пред се, од Секторот за Меѓународна соработка, Претседателката Јанчева ја изрази својата желба, за уште многу вакви пријатни и не помалку моќни средби.

- Однапред се радувам на следната средба во ваков или инаков љубопитен состав, што е причина за восхид, а уште поголема причина за восхит е сознанието кое произлезе од денешната средба, по однос Вашата заложба за Меѓународно контекстуализитање на Р. Македонија во современ контекст, а во тоа неминовно е инкорпориран и градот Скопје и Град Скопје - истакна Јанчева.