ДЕМАНТ 21.3.2016

Град Скопје ги демантира наводите од изјавата на Општина Чаир, објавени на порталите  Порталб и Курир -алб, објавени на 08.03.2016 година со наслов „Проблеми со канализација, не треба многу да се поплавени Чаир“.

Имено, во изјавата од Општината се вели...."Градот Скопје е надлежен да ја регулира атмосферската мрежа, која мрежа ја немаат сите општини, можам да кажам дека само 30 до 40 проценти од Скопје има атмосферска мрежа. Ние не знаеме кога ќе бидат отстранета ова".

Во населбите и населените места на сервисните и станбените улици истата , таканаречената секундарна мрежа е обврска на општините. Општините за оваа намена обезбедуваат средства од комуналниот надоместок за уредување на градежното земјиште,познат како комуналии за градба. Градот Скопје со закон е надлежен за изградба на примарна атмосферска, водоводна и канализациона мрежа на булеварите.

Доколку општината изгради секундарна мрежа, јавното претпријатие „Водовод и канализација“ по извршен технички прием, ако ги исполнува стандардите , ја поврзува на примарната мрежа и ја презема обврската за одржувањето од средства на претпријатието.

Од текстот повеќе од јасно е дека населбите  во Општина Чаир немаат атмосферска канализација и поради тоа доаѓа до поплавување на улиците за време  на посилните врнежи. Значи, нема изградено секундарна мрежа која е изворна надлежност на општините.

Градот Скопје нагласува дека Одделението за односи со јавност е секогаш достапно за сите информации што се поврзани со работењето на Градот Скопје и со неговите надлежности, заради правилно информирање на граѓаните

Градот Скопје Ве потсетува на законската обврска на Вашиот портал да го објавите во демант.