ГРАД СКОПЈЕ: ДРВОТО ГИНКО КАЈ СУДСКА ПАЛАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА ЧИНИ ОКОЛУ 5000 ДЕНАРИ 15.3.2018
Град Скопје ги демантира неточни наслови и информации пренесени од некои медиуми во врска со цената на дрвото Гинко што ќе биде поставено на местото каде беше т.н. споменик од Ќосето, пред Судската палата во Скопје.
Посаденото дрво ќе биде дел од вкупната набавка за разеленување на главниот град, а само тој садник се очекува да чини околку 5000 денари. Со планираната акција за разеленување на град Скопје, предвидени се буџетски средства за набавка на околу 10 000 дрвја од различен вид, коишто ќе бидат садници постари од 6 години и не пониски од 3 и пол метри, а истите ќе бидат и мапирани.
На денешна прес-конференција, градоначалникот Шилегов најави дека засаденото дрво ќе биде посветено на човековите права со изгравирана плочка донирана од збратимениот град Нирнберг на која ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации во кој стои „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.
Како дополнителна информација, Гинко (науч. Ginkgo biloba) е листопадно дрво кое во својот животен век може да расте и до 40 метри со густо разгранета крошна во пирамидален облик што се одликува со голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, радијација, инсекти итн.).
Toa е едно од најистражуваните дрва во светот со голем број научни трудови за него. Големиот интерес за гинкото произлегува оттаму што му се припишуваат голем број лековити својства.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
