МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „ОД ЦВЕТ НА ЦВЕТ СО ОРО И ПЕСНА“ 29.9.2017
Младинското културно уметничко друштво „Цветан Димов“ од Скопје годинава по 22 пат, од 23 до 27 ноември 2017 година, со играорци на детски ансамбли од Република Македонија и од странство ќе го организира меѓународниот детски фестивал „Од цвет на цвет со оро и песна“.
Фестивалот има единствена цел да ги прикаже убавините на фолклорните традиции претставени од детски ансамбли од Република Македонија и детски ансамбли кои гостуваат од Европа.
На oдржаните фестивали досега учествувале над 3 000 играорци и се одржани околу 100 настапи пред публика.
Организаторот на меѓународниот детски фестивал „Од цвет на цвет со оро и песна“, кој првпат е организиран во 1995 година, води посебна грижа за учесниците и кани детски ансамбли кои негуваат изворен фолклор и секогаш има свои учесници од селските средини на Р. Македонија кои нудат изобилство на обичаи, носии и автентични ора.
Фестивалот е препознатлив по големото фолклорно дефиле на сите учесници коешто се одржува низ улиците на општина Карпош. Во рамките на фестивалот се одржуваат и два настапа во основни општински училишта со цел учениците да се запознаат со убавите танци, прекрасните колоритни носии и со фолклорни традиции кои ги негуваат земјите од Европа .
Квалитетните настапи на ансамблите го прават фестивалот атрактивен и секогаш многу посетен од публика. Годинава организаторите очекуваат ансамбли од Република Полска, Република Турција, Република Бугарија и Република Србија.
Фестивалот секоја година е поддржан од Општина Карпош, од Град Скопје и од Министерството за култура на Република Македонија.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
