ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ ДИГИТАЛНИ МЕРАЧИ НА БРЗИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ 19.9.2018
За да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди Градот Скопје постави дигитални мерачи на брзина пред средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“, „Здравко Цветковски, „Марија Кири Склодовска“ и „Боро Петрушевски“.
На денешната промоција на дигиталните мерачи кои се донација од компанијата „Сава осигурување“ присуствуваше градоначалникот Шилегов.
- Немилиот настан што се случи пред два дена на булеварот Србија потсетува дека нема гарантирана безбедност и покрај зајакнатата полициска контрола и поставената сообраќајна сигнализација. Непочитувањето на сообраќајната сигнализација и прекумерната брзина на возење го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи кои неретко завршуваат со фатални последици. Зголемувањето на свесноста на возачите за безбедноста во сообраќајот влијае на намалувањето на бројот на предизвикани сообраќајни несреќи. Во таа насока Град Скопје ги постави овие дигитални мерачи на брзина пред пет средни училишта. Скопје мора да биде град безбеден за растење и спокоен за пензионирање. Безбедноста на сите наши сограѓани е наша заедничка обврска – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почуваат сообраќајните правила и со своето одговорно однесување да придонесат за намалување на бројот на жртвите и повредените во сообраќајни несреќи.
- Ги повикувам сите општествено одговорни компании кои сакаат да донираат средства во делот на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, да го направат тоа со цел час поскоро заеднички да придонесеме на улиците на Скопје да има помалку собраќајни несреќи. Градот Скопје во рамките на своите ингеренции и понатаму ќе продолжи да се грижи за зголемувањето на безбедноста во сообраќајот и општо за безбедноста на граѓаните на Скопје – нагласи Шилегов.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
