МЕЃУНАРОДЕН ДОБРОТВОРЕН БАЗАР ВО ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР 12.6.2018
![]() |
![]() |
Во Градскиот трговски центар денеска се одржа традиционалниот „Меѓународен добротворен базар 2018“ на кој на повеќе од 20 штандови дипломатските претставништва во Република Македонија и други меѓународни организации промовираа и продаваа производи и сувенири од нивните земји.
![]() |
![]() |
- Денеска овде не обединува одбележувањето на Меѓународниот ден за заштита на правата на децата – 1 јуни, ден на кој што е посветен и овој меѓународен добротворен базар. Ве поканувам да ни се придружите во овие активности, за да им помогнеме и да ги поддржиме децата со оштетен слух и говор во училиштето Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“ Скопје – рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на добротворниот базар.
![]() |
![]() |
На годинешниот базар производи од нивните држави продаваа претставници на амбасадите од Албанија, Австрија, Велика Британија, Кина, Хрватска, Чешка, Франција, Унгарија, Италија, Јапонија, Холандија, Романија, Србија, Словачка, Шпанија, Швајцарија, САД, Делегацијата на Европската унија, Конфучиј Институтот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј" во Скопје, Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ од Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
![]() |
![]() |
„Меѓународниот добротворен базар“ се одржува по повод 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, а е во организација на Здружението „Добредојде“ Маседониа Велкам Центар (DMWC) во соработка со амбасадите и меѓународните организации и со поддршка од Град Скопје. Почесен претседател на „Меѓународниот добротворен базар 2018“ е Н.Е. Дукс Ласло Иштван, амбасадор на Унгарија во Република Македонија.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
