ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ДОНИРА СРЕДСТВАТА ПЛАНИРАНИ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА 2018 21.12.2017
Градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува дочекот на Новата 2018 година, а средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот ќе се донираат во добротворни цели на Клиниката за белодробни заболувања.
На расправата за првичните мерки за загадувањето, Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на отворено, настанот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат средствата предвидени за прославата на оваа ноќ во добротворни цели.
- Ќе го повикам главниот спонзор Телеком да направиме напори тие средства да завршат таму кајшто се најпотребни – истакна Шилегов на денешната седница на Советот.
Ова е вторпат прославата за Нова година да биде откажана, откако минатата година се донесе истата одлука од слични причини.
Предновогодишните празнични активности (базар на ракотворби, дедомразовски трки, детска програма и сл.) ќе се одржат и за тоа наскоро ќе ја информираме јавноста.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
