ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ГРАДОТ СКОПЈЕ ВОВЕДУВА ДВОСМЕНСКО РАБОТЕЊЕ 06.12.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска /06.11.2017 година, понеделник/ одржа прес-конференција пред бараката број 16, односно Архивата на Градот.
- Денеска сме пред бараката 16 на Градот Скопје да најавам едно од изборните ветувања и она што го ветивме на граѓаните во изборната кампања. Имено, од следната недела бараката 16, онаа во којашто граѓаните имаат најголема потреба за вршење на сопствените услуги, ќе започне со двосменско работење започнувајќи од 7:30 сабајле до 19:30 навечер. Ова е местото каде што граѓаните најчесто комуницираат со Градот Скопје. Ќе има и 2 паузи во текот на работењето и и тоа во текот на првата смена од 11:30 до 12 часот и во текот на втората смена од 14:30 до 15 часот. Работиме интензивно на подготвување на еден реален едношалтерски систем во кој граѓаните ќе можат оние активности што се поврзани и со градската администрација да ги обавуваат и на шалтерите на централната власт, меѓутоа и на општините во Градот Скопје, со цел услугите што ги дава Градот Скопје да бидат транспарентни, едноставни и лесно достапни за секој наш сограѓанин. Ова е почеток на работењето на новата градска администрација, очекувам дека во брза иднина ќе бидете запознаени со активностите коишто ги преземаме со цел да ја подобриме услугата и транспарентноста на Градот - изјави на прес-конференцијата градоначалникот, Петре Шилегов.
Со воведувањето на двосменско работење на шалтерите на Архивата на Град Скопје граѓаните ќе можат побрзо и полесно да ги завршат своите работи поврзани со прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
