ЕКИПИТЕ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ НА ТЕРЕН 13.8.2017
Скопје вчеравечер беше домаќин на големиот фудбалски спектакл, односно на натпреварот меѓу фудбалките клубови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Љубителите на фудбалот од цел свет имаа чест и задоволство да ги видат светски познатите фудбалски имиња на натпревар од УЕФА Супер купот.
Скопје во текот на изминатите денови го посетија повеќе од 100.000 посетители и за таа цел се погрижи најголемиот дел од нив да бидат информирани за знаменитостите на Скопје преку промотивно видео и голем број брошури.
По завршувањето на натпреварот на кој присуствуваа околу 33 000 навивачи, на терен излегоа екипите на јавните претпријатија на Град Скопје коишто ги чистеа јавните зелени површини во Градскиот парк, улиците и плоштадите на коишто беа поставени фан зоните.
Активностите се одвиваа цела вечер и ќе продолжат денеска до целосно расчистување на просторот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
