ДЕЦАТА И КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ВО СВЕТОТ НА ЕКОЛОГИЈАТА 03.4.2018
Градоначалникот Шилегов, постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани и градоначалници на скопските општини, денеска присуствуваа на манифестацијата „Децата и КХС во светот на екологијата“ што се одржа на Школката во Градскиот парк.
- Ми претставува огромна чест и задоволство што сме дел од овој настан организиран во рамките на деновите на екологијата. Подигнувањето на еколошката свест кај граѓаните, особено кај најмладата популација, е важен предуслов за заштита на животната средина и околината во која живееме. Секое дете и секој човек има право на чиста и здрава животна средина. Децениската негрижа за животната средина доведе до уништување на заштитените подрачја, масовна сеча на дрвја, енормно загаден воздух – изјави Шилегов.
Тој нагласи дека градската администрација е посветена на заложбите за здрава животна средина и одговорно ги следи потребите на своите сограѓани, а идејата за организирање на овој настан е развивањето на еколошката свест, особено кај најмладите, а со тоа и зголемување на помошта од граѓаните за зачувување на животната средина, неопходна за здрав живот на сите.
-Наша цел е до 2021 година да поднесеме кандидатура за Скопје европска зелена престолнина. Работиме на поставување стандарди за зачувување на животната средина. Оваа пролет се фокусираме на чистење и зазеленување на Скопје. Планираме да го исчистиме градот од дивите депонии и да засадиме над 4.000 нови дрвја на зелените површини. Резултатите од пролетната акција за чистење и зазеленување на градот ќе бидат видливи на краток рок. Наш приоритет е подобрување на животната средина. Должни сме да го надоместиме изгубеното зеленило и дополнително да ги зголемиме парковите и дрворедите во сите општини во градот. Нашите сограѓани заслужуваат подобрување на условите за живот, а промената започнува од нас. Ние сме пример на нашите деца, внуци, на најмладите. Заедно ќе го направиме Скопје поубаво место за живеење – нотираше Шилегов.
Постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, истакна дека е среќна што денеска постарите имаат можност да научат од најмалите како да рециклираат и да ја зачуваат животната средина.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, нагласи дека тие како претпријатие и во иднина ќе организираат работилници и предавања за најмладите и ќе настојуваат оваа манифестација да стане традиционална.
На манифестација „Децата и КХС во светот на екологијата“, на којашто учествуваа ученици од училиштата и дечиња од градинките од сите скопски општини, односно секоја општина беше опфатена со по две училишта и една градинка, беа доделени и награди на најкреативните училишта за изработки од рециклирани материјали.
Првото место го освоија учениците од ОУ„Лазо Ангеловски“, второто место од ОУ „Тефејуз“, а третото место им припадна на учениците од ОУ „Кочо Рацин“.
Дечињата од градинките се претставија и со свои еколошки точки, додека секое училиште имаше свои учесници во спортските игри што се одвиваа со едукатори.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
