ПОСТАВЕН ЕКОЛОШКИ БИЛБОРД „CITY TREE” ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ 09.4.2017
Германската амбасада и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ денеска /22.03.2017 година/ на Скопје му подарија еколошки билборд – комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза, заедно функционираат и придонесуваат за прочистување на амбиентниот воздух.
На промоцијата на билбордот „City Tree”, кој е поставен во центарот на градот, на улицата Никола Кљусев, во близина на хотелот „Мериот”, присуствуваше Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски и амбасадорката на Германија во Република Македонија, Кристина Алтхаузер.
- Сакам да изразам благодарност до Германската амбасада и до „Еко-свест“ за оваа донација чија главна функција е да се подигне јавната свест и грижата за животната средина, да предупреди на опасностите од климатските промени и да потсети на важноста секој од нас да придонесе за почиста и поздрава околина. Градот Скопје е отворен и ги поддржува иновативните проекти во различни општествени сфери, а особено во областа на заштитата на животната средина. Се надевам дека овој еколошки билборд нема да биде единствен во нашиот град – рече денеска Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.
Амбасадорката на Германија во нашата земја, Кристина Алтхаузер нагласи дека климатските прашања ги надминуваат границите на државите.
- Прашањата поврзани со заштитата на животната средина се приоритет во Германија. Нашата влада многу посветено работи на овие теми, а поттикнува активности за заштита на средината и во странство. Ми претставува задоволство што реализацијата на овој проект е резултат на партнерство, на симбиоза, исто како што функционира и билбордот „City Tree“ од кој корист ќе имаат граѓаните на Скопје – изјави амбасадорката Алтхаузер.
Еколошкиот билборд, како што објасни Ана Чоловиќ Лешоска, од „Еко-свест“ претставува комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза со моќ да апсорбираат штетни честички од воздухот (NО2, CО2 и цврсти честички со големина од 10 и 2,5 микрометри). Билбордот има ефект на филтрирање воздух како 275 дрвја, годишно.
City Tree е одржлива инсталација со систем за наводнување, зафаќање на дождовницата и соларен панел.
Ваков билборд вчера беше поставен и во Тетово.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
