ЕКИПИТЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ СЕ НА ТЕРЕН ПО ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ НА ДОЖД 29.6.2017
По обилните врнежи на дожд кои го зафатија Скопје и регионот денеска /14.06.2017 година, среда/, на терен интервенираа екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје.
По обилните врнежи на дожд на поголем број на локации во Скопје се појавија поплави на неколку локации во Скопје, како што се подвозникот на бул. Киро Глигоров (кај Бриколаж) и клучката кај хотел Континентал. На овие локации краток период се создадоа потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а по интервенцијата на екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, состојбата се нормализира и сообраќајот се одвива непречено и без застој.
И во наредниов период штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира.
Покрај на сообраќајниците кои се во надлежност на Градот Скопје, поголемата концентрација на дожд предизвика и поплави на повеќе улици кои што се во општинска надлежност. Градот Скопје апелира до општините во Скопје да инвестираат повеќе средства и да вложат поголеми напори во подобрување на атмосферската мрежата на локалните улици кои што се во нивна надлежност.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
