ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА САДЕЊЕ 114 ДРВЈА ВО ПАРК МАКЕДОНИЈА 19.3.2017
Градоначaлникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со претставници од дипломатскиот кор во Република Македонија, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на РМ, Елена Кузмановска и Кристина Николовска од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засади ја својата иднина!“, денеска /02.12.2016 година, петок/, во рамките на есенската акција за садење дрвја на територијата на градот, во вториот дел на Парк Македонија засадија 114 листопадни садници.
- Сакам да им се заблагодарам на сите присутни коишто дојдовте денеска во вториот дел на Парк Македонија, кој е со површина од 27 000 квадратни метри, и заедно да засадиме 114 висококвалитетни листопадни садници. Ние во континуитет ќе садиме нови дрвја во овој парк се додека не ги засадиме сите планирани садници. Градот Скопје и годинава се вклучи во традиционалната акција Ден на дрвото во којашто на територијата на градот Скопје ќе бидат засадени околу милион садници. Екипи на Градот Скопје во урбаниот дел на градот ќе засадат 256. 000 садници, односно по булеварите, на кејот на реката Вардар, во блоковското зеленило, во дворовите на јавните установи и во дворовите на средните училишта на Град Скопје. Ова традиционална акција решивме оваа година да ја продолжиме и да ја направиме месец на дрвото- истакна градоначалникот Трајановски.
Кристина Николовска од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засади ја својата иднина!“ рече дека со реализирањето на веќе традиционалната и масована граѓанска акција за садење, што се организира на целата територија на Р.Македонија, ќе се подобри еко иднината за сите нејзини граѓани.
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на РМ, Елена Кузмановска, посочи дека е задоволна што и претставници на дипломатскиот кор ја поддржуваат и учествуваат во оваа акција затоа што на тој начин придонесуваат за подобрување на животните услови во нашиот град кој и тие ги делат со нас додека претстојуваат во нашата земја.
Во есенската акцијата Во вториот дел на Парк Македонија ќе бидат засадени вкупно 114 садници, од кои 32 садници се јавори, 10 садници брест со жална форма, 6 јасени со топчеста крошна, 3 платани, 11 садници сорбус, 50 садници лириодендрон, еден даб и една црвена слива.
Градот Скопје организира континуирани акции за засадување нови дрвја на јавните површини, подигаме нови зелени површини и уредуваме нови катчиња за одмор и рекреација во природа, со што придонесуваме за почиста животна средина и за зачувување на здравјето на граѓаните.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
