ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ЈАНЧЕВА СЕ ОБРАТИ НА ОТВОРАЊЕТО НА „ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ПРЕТПРИЕМАЧОТ“ 06.12.2017

 

Денеска /17.11.2017 година, петок/ со одржување на работните сесии на теми „Локалната самоуправа како предуслов за развој на МСП“ и „Старт-ап Еко Систем и неговиот развој“, се отвори дванаесетото издание на конференцијата „Ден на европскиот претприемач“.

На работната сесија на тема „Локалната самоуправа како предуслов за развој на МСП“ се обрати претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

- Развојот на претприемаштвото и секторот на мали и средни претпријатија, значаен е за најголемиот дел од националните економии во светот, а особено е важен за остварување на поинтензивен економски раст и развој на земјите, како што е Република Македонија. Мерките, за побрз развој на овој сектор во државата, кои се носат на централно и на локално ново, се темелат на стратешки и плански приод, со единствена цел – достигнување на конкурентска положба на нашето стопанство, која ќе овозможи негово рамноправно натреварување на глобалниот пазар, со што значително ќе се унапреди животниот стил и стандар на граѓаните на градот Скопје и во Република Македонија. Имајќи го превид фактот, дека малите и средните претпријатија се движечка сила на секоја економија, посебно во услови на економска криза и дека нивниот развој, гледано долгорочно, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на Владата на РМ и Град Скопје за развој и поддршка на малите и на средните претпријатија, како главни двигатели на економскиот раст. Градот Скопје, како административен, културен, образовен и економски центар, има важна улога во воспоставувањето и одржувањето на претприемачката култура, чија цел е подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и зголемување на нивните можности за избор. Во тие рамки, градот Скопје, веќе 12 години по ред е еден од организаторите на „Европскиот ден на претприемачот“, со цел да се промовира претприемаштвото и да се поттикне претприемачкиот дух кај младите и иновативните луѓе, да креираат свои бизниси – кажа Јанчева.