ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ФИЛМОВИ ЗА ДЕЦА НА „ТИНТИРИ МИНТИРИ ФИЛМ ФЕСТ“ 15.3.2017
Меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“ објавува отворен повик за пријавување на третото издание на фестивалот, кое ќе се одржи во јуни 2017 година во Скопје, Република Македонија.
Повикот е отворен за професионални филмови за деца и филмови направени од деца. Право на пријавување имаат сите филмови изработени во која било техника коишто претходно не биле пријавени на овој фестивал, а се завршени по 31 декември 2015 година. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки филмови за деца (до 25 минути) или долгометражни филмови за деца (до 120 минути), како и краткометражни филмови направени од деца, со времетраење до 10 минути.
Краен рок за праќање на материјалите е 15.04.2017 година.
Директорот на фестивалот, м-р Кузман Кузмановски, истакна дека тимот којшто работи на овој детски фестивал се обидува децата активно да ги вклучи во него, бидејќи ова е „Фестивал од децата и за децата“. Тој, исто така, потенцираше дека децата како публика се веќе изградена категорија во цел свет, па и кај нас, но дека тие се обидуваат да изградиме една поинаква целна група - децата како творци на филмски содржини, како идни филмски професионалци, децата како создавачи на медиумски содржини, деца со свој став и мислење, деца кои имаат право да кажат што сакаат и како тие ја доживуваат реалноста.
„Тинтири Минтири Филм Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со Кинотека на Македонија.и со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје.
„Со висококвалитетната селекција на филмови изработени од деца, Тинтири Минтири како фестивал, но и како филмско училиште станува платформа која ги обединува сите активности и идеи на полето на филмот и детето во Република Македонија “, вели Кузмановски.
Повеќе информации за фестивалот се објавени на веб страната http://www.tintirimintiri.mk како и на ФБ профилот на Тинтири Минтири.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
