ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ВО ГРАД СКОПЈЕ 21.9.2018

Град Скопје,  вчера (17 септември 2018 година) го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за  2019  година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за следните области:

1. Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на  професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:

1.1.  Изведбени  уметности

1.2.  Музички уметности

1.3.  Визуелни уметности и уметност на новите медиуми

1.4.  Издавачка и библиотечна дејност 

1.5.   Музејска дејност и промоција на културното наследствo

 

2. Меѓународна соработкa

3. Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

На Јавниот повик имаат право  да учествуваат уметници, самостојни уметници,  установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат  „Целите и  критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје“  што се дадени во прилог на Јавниот повик  објавен на Официјалниот веб портал на Град Скопје  www.skopje.gov.mk.

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности - Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје  или од Официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Јавниот повик  е објавен во дневните пишани медиуми „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае до 15.10.2018 година, односно, 30 календарски денови од денот на објавувањето во  средствата за јавно информирање и официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Дополнителни информации може да се добијат на следните телефони:

02/ 3297-324, 02/ 3297-289 и на следната мејл адреса kultura@skopje.gov.mk.