ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ И ЗДРУЖЕНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ПРЕСРЕТ НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ 21.9.2018
Градоначалникот Шилегов денеска во рамките на големата акција за чистење на Скопје во која јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, во соработка со скопските општини, ги чистат сите градски и општински улици, ја посети општината Гази Баба.
Во општините вонредно се ангажирани над 100 работници, заедно со луѓето кои општините редовно ги имаат ангажирано. Тие ќе влезат во секоја улица, со цел да се подигне хигиената низ нашиот град.
- Инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари на Град Скопје извршуваат засилени контроли на терен. Изречени се две казни за недозволено палење кабли и пластика и една казна за оставање градежен шут на јавна површина. Апелирам до сите граѓани да ги пријавуваат сите незаконски дејствија, бидејќи ако сакаме да ни биде почист градот, секој од нас треба да покаже повисок степен на грижа за хигиената во микро - средината каде што живее - истакна Шилегов.
Тој додаде дека Град Скопје работи на решавање на проблемот со загадувањето и во периодот кога никој не ги чувствува последиците од загадениот воздух во Скопје.
- Во моментот се чисти во општина Гази Баба, каде што се ангажирани повеќе вработени во градските претпријатија, цистерни за миење на улици и кипери за собирање на уличен отпад. Акцијата во Гази Баба ќе трае следниве 3-4 дена - рече Шилегов.
Чистењето на градот ќе продолжи во општината Бутел, а во изминатиов период беа исчистени Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода и Аеродром.
Шилегов додаде дека обврска на градот е да ги одржува чисти улиците, а обврска и на секој граѓанин поединечно е да се грижи тие улици да останат чисти, односно ги повика граѓаните да се грижат за нивната улица за да ја дочекаме зимата со чисти улици, со помалку прашина што води до помало загадување на воздухот.
- Ајде заедно да го разубавиме нашиот град, местото каде живееме, работиме, учиме, каде што го поминуваме најголем дел од нашиот живот и да се гордееме со постигнатите резултати како пример во регионот и пошироко. Заедно да се избориме за чиста и здрава животна средина како влог во иднината на нашите деца- порача Шилегов.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
