СКОПЈЕ ЗАПОЧНУВА ГЕНЕРАЛКА НА СВОИТЕ УЛИЦИ 25.12.2017
Градот Скопје во претстојниот период ќе спроведе голема акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите општини во Градот во период од 20-тина дена.
Освен јавните претпријатија со нивната механизација, во акцијата ќе бидат ангажирани и невработени лица како дополнителна работна сила. Овие лица ќе бидат ангажирани во соработка со Министерството за труд и социјалана политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. На ангажирните лица ќе им биде обезбеден хонорар, надоместок за храна и платен автобуски превоз.
- Почнуваме од Бутел, па продолжуваме во сите општини во градот, по ден-два за секоја општина во зависност од големината. Откако ќе завршиме со чистењето на општините, ќе преминеме на чистење на кејот на реката Вардар, изјави градоначалникот Шилегов пред новинарите.
Ова претставува една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето во градот. Планирано е да се исчистат и измијат улиците од прашината која со години се таложи.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
