ГРАД СКОПЈЕ СО ЗДРУЖЕНИ СИЛИ ЈА ПОЧНА ГЕНЕРАЛКАТА НА УЛИЦИТЕ И ПАРКОВИТЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 14.9.2018
Градоначалникот Шилегов денеска ја најави големата акција за чистење на Скопје во која јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, во соработка со скопските општини, ќе ги чистат сите градски и општински улици, како и парковите. Акцијата почна од општината Ѓорче Петров, со генералка на улиците Ѓорче Петров, 4.Јули и Социјалистичка зора, а ќе продолжи на другите улици. Вонредно се ангажирани над 100 работници, заедно со луѓето кои општините редовно ги имаат ангажирано. Тие ќе влезат во секоја улица, со цел да се подигне хигиената во нашиот град.
- Секоја седмица ќе бидеме во различна општина. Започнуваме во општина Ѓорче Петров, ќе продолжиме со чистење во Карпош, Центар и во Аеродром, а потоа и во преостанатите општини на територија на градот. Чистата животна средина, секое средено катче од нашиот град и здравјето на граѓаните, нека ни бидат основен мотив за успех на оваа акција. Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме нивниот глас градот да биде почист. Придонесот на секој граѓанин ни е важен. Ако сакаме градот да ни биде почист, секој од нас треба да покаже повисок степен на грижа за хигиената во микро средината каде што живее – рече денеска Шилегов.
Тој додаде дека обврска на градот е да ги одржува улиците чисти, а обврска на секој од нас поединечно е да се погрижиме тие улици да останат чисти.
- Да ја дочекаме зимата со чисти улици и со помалку прашина што води до помало загадување на воздухот. Ајде заедно да го разубавиме нашиот град, местото каде што живееме, работиме, учиме, каде што го поминуваме најголемиот дел од нашиот живот. Заедно да се гордееме со постигнатите резултати, да бидеме пример во регионот и пошироко – порача Шилегов.
На денешната акција за чистење во Ѓорче Петров присуствуваше и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
