ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ 25.8.2017

 

За време на овој викенд /05 и 06.08.2017 година/ на поголем број на локации во Скопје се одвиваат градежни работи за подобрување на патната и комунална инфраструктура во Скопје.

Поради извршувањето на градежните работи, во одредени локации се воведени посебни времени сообраќајни режими, поради што учесниците во сообраќајот треба да се движат со зголемена внимателност согласно условите на патот.

 

 

 

 

Овој викенд ќе продолжи асфалтирањето на булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до влезот во населбата Пинтија. Минатата недела започна асфалтирањето на две сообраќајни ленти со цел возилата повеќе да не се движат по земјен пат, а викендов започна и асфалтирањето на другите две ленти.

 

 

 

 

Градежни работи се одвиваат и на две ленти од булеварот „Васко Карангелевски“ во Аеродром, каде деновиве заврши нанесувањето на вториот слој на асфалт, од типот сплит мастик. Со завршувањето на овие две ленти, сообраќајот ќе се префрли на нив, додека градежната механизација ќе започне со отстранување на оштетениот асфалт од другите две ленти.

 

 

 

 

Во рамките на проектот за реконструкција на коловозните ленти пред автобуските стојалишта, градежни работи се одвиваат и на булеварот Александар Македонски, во близина на спортската сала во Автокоманда.

Градежни работи се одвиваат и на бул. Партизански на потегот од крстосницата на бул. „8 Септември“ до ул. „Френклин Рузвелт“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја проспособат брзината на движење на условите на патот.