НАСКОРО 10. ГУРМАНСКИ ВИКЕНД СО ПИВО „ПИВОЛЕНД 2017“ 08.8.2017
Од 7 до 12 август на Скопското Кале по десетти пат ќе се одржи традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“.
- Посетителите и годинава ќе имаат можност да уживаат во добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси.На годинешниов Пиволенд ќе има богата музичка порограма, ќе настапат Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, како и македонскиот рап состав САФ. За љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август, со оглед на тоа што во истовреме се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера. Фестивалот е под покровителство на Градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари. Оваа година со одржувањето на Пиволенд всушност ќе започне и големата летна забава „СУПЕР СКОПЈЕ“, којашто ќе се одржи на повеќе локации низ градот Скопје. На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и на 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и на 2 септември на улица Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Притоа на сите овие 4 места, на 2 локации, секој петок и сабота во вечерните часови, жителите и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во добра музика, а во моментов се разговара со повеќе музички изведувачи и нивните имиња и датуми на настап ќе ги соопштуваме кога ќе имаме потврда за тоа. Сакам да напоменам дека Скопје за првпат ќе има ваква голема забава „СУПЕР СКОПЈЕ“, и сакам да најавам дека сакам да го направиме традиционален за сите граѓани
коишто ќе останат во летниот период во Скопје да уживаат во летната забава - изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната прес-конференција.
Сандра Темова од Друштвото за угостителство, трговија и услуги ТЕМОВ ФШТ ДОО, Скопје, се заблагодари на поддршката од Градот Скопје на овој фестивал и потенцираше дека првиот Гурмански викенд со пиво – Пиволенд се одржа во 2008 година, а во 2009 година беше прогласен за најпосетен настан. Исто така, ги повика граѓаните на Скопје, како и сите љубители на пивото да дојдат на фестивалот и да уживаат во околу 100 видови пиво и многу деликатеси.
Бидејќи се работи за јубилеен роденден на Пиволенд, се подготвуваат голем број изненадувања.
Дојди, Види, Испиј! 10 години Пиволенд!
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

