ГРАДОТ СКОПЈЕ ИСПРАЌА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА АЛБАНИЈА 01.2.2018
Градот Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Тирана ќе испрати помош на настраданите во неодамнешните поплави во Република Албанија, коишто предизвикаа голема материјална штета.
- Град Скопје како град на солидарноста, одлучи да даде помош на настраданите во поплавите во Албанија, кои предизвикаа голема материјална штета во нашиот збратимен град. За таа цел обезбедивме средства во висина од 1.100.000 денари, со кои беа набавени пакети со најнеопходните средства за лична хигиена, храна и производи за бебиња. Од ова место, со помош на Црвениот Крст на Град Скопје, почнува испораката на овие средства кои наскоро очекуваме да пристигнат во соседна Албанија, во рацете на оние на коишто помошта им е најпотребна - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Шилегов објасни дека Скопје во изминативе децении честопати ја имал улогата на примател на помош од многу земји во светот.
- Како вистински град на солидарноста подаваме рака, да им помогнеме на нашите пријатели од соседството и пошироко. Елементарните непогоди и природните катастрофи доаѓаат ненајавено и доколку не си помогнеме едни на други, последиците од нив потешко ги поднесуваме. Се надевам дека нашите пријатели од Албанија ќе успеат да се изборат со ова, да ги надоместат материјалните штети на граѓаните и да продолжат со нормалното функционирање во средините во коишто живеат – нагласи денеска градоначалникот Шилегов.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
