„ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2017″ 27.9.2017
Утре, 23.09.2017, сабота, во ВЕРО ЦЕНТАРОТ, по деветти пат ќе се одржи традиционалната манифестација ″ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2017″.
Покровител на манифестацијата е Град Скопје, а организатор на настанот е Хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња.
Граѓаните и посетителите на Скопје ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматери и на професионалци од земјава и од странство, а годинава своето учество го најавија кандидати од осум држави. Тортите коишто ќе учествуваат на натпреварот по завршувањето на манифестацијата ќе бидат подарени на лицата со сензорна попреченост на видот.
Манифестацијата како и изминатите години ќе биде поделена во два дела:
- ревијалниот дел од манифестацијата ќе се одржи од 12 до 15 часот, кога граѓаните ќе имаа можност да ги разгледаат изложените торти и изложбените штандови, ќе гласаат според нив за најдобрата торта, притоа уживајќи во богатата музичка програма,
- а официјалниот дел ќе трае од 15 до 16:30 часот, кога ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, а воедно и ќе се прогласат и победничите торти во двете категории кои ќе бидат наградени со симболични награди.
Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2017 година.
Влезот на манифестацијата „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2017″ ќе биде бесплатен.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
