СКОПЈЕ ПРЕПОЛНО СО ЉУБИТЕЛИ НА ФУДБАЛОТ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА УЕФА СУПЕР КУПОТ 13.8.2017
Скопје е преполно со љубители на фудбалот од цел свет во исчекување на вечерашниот натпревар од УЕФА Супер купот, каде што вечерва ќе се сретнат двата најтрофејни клубови во Европа, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Големиот број посетители на неутралната фан зона, лоцирана на плоштадот „Македонија“, можеа да се забавуваат во богата музичка програма, големиот број на спортски натпреварувања и активности, а денеска присутните ги поздрави и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
- Градот Скопје во изминатите 2,5 години во соработка со УЕФА и ФФМ, се вложи несебично со службите и ресурсите со кои располага за да може да го долови духот на утрешниот натпревар. Организацијата на овој настан е голема одговорност и чест и сметам дека ние како главен град направивме се за да се подготвиме за големиот број луѓе и туристи кои пристигнаа во Скопје. Го повикувам скопјани и денеска да ја посетат оваа фан зона, каде што ќе можат да уживаат во одличната музика, многубројните спортски игри, да ја искористат можноста да се фотографираат со 3-те трофеи на УЕФА и секако фудбалот. Ви пожелувам одлична фудбалска вечер, одлична забава и одличен натпревар – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Трајановски ги посети и неколкуте локали во централното градско подрачје кои се во боите на двата клуба, а ја посети и фан зона на навивачите на Манчестер Јунајтед, која е лоцирана по должината на улицата Македонија.
Скопје вечер е домаќин на голем фудбалски спектакл. Се среќаваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Имаме чест и задоволство да ги видиме светски познатите фудбалски имиња. Нека победи фудбалот, нека победи подобриот.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
