ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АТМОСФЕРСКА И ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛИЦАТА 28 ВО СИНГЕЛИЌ 02.8.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /14.07.2017 година, петок/ присуствуваа на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација и нова водоводна мрежа на улицата број 28 во населеното место Сингелиќ.
Станува збор за проект во чија реализација учествуваат Градот Скопје, Општина Гази Баба и ЈП „Водовод и канализација“. Општината ќе го изврши ископот, а монтажата и поставувањето на водоводот и атмосферската канализација ќе го изврши ЈП „Водовод и канализација“.
По завршување на изградбата на амосферската и водоводната мрежа, ќе се изврши санација на улицата 28 со средствата коишто Градот Скопје ги издвои за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
