ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „МОСКВА ДЕНЕС“ ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 13.2.2018
радоначалникот Петре Шилегов вчера се обрати на отворањето на изложбата „Москва Денес“, што во рамките на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија е поставена во Музејот на Град Скопје.
-Изложбата „Москва Денес“ претставува одлична можност за граѓаните на Скопје, преку изложените фотографии и легенди, информативните брошури и видеопроекции, да добијат појасна претстава за современиот урбанистички изглед на руската престолнина- истакна градоначалникот Шилегов.
Тој, исто така, нагласи дека реновираните знаменитости, уникатните архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, што имаме можност да ги видиме денеска, се одличен пример како една светска метропола успева да се грижи за зачувувањето на прекрасниот автентичен изглед одржуван со векови.
Изложбата, којашто се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Градот Москва и го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина, еден од најголемите градови на земјата, е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество, со поддршка на Град Скопје и Музејот на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
