
СО ИЗЛОЖБАТА „ПОРТАЛИ“ ОДБЕЛЕЖАН 21 МАРТ - „ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА УМЕТНИЧКА КРЕАТИВНОСТ“ 13.4.2018
Вчеравечер /21.03.2018 година, среда/ во Музеј на град Скопје се отвори изложбата на дела од 9 млади уметници, насловена „Портали“.
Оваа изложба се организира во рамки на проектот „КРЕАРТ“ - Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt - Network of Cities for Artistic Creation), а истата е дел од активностите за одбележување на 21 Март - „Европскиот ден на уметничка креативност“.
Изложбата „ПОРТАЛИ“ ја отвори Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
- Град Скопје, со приклучување кон проект КРЕАРТ, направи обид во градот да се внесат нови стимулативни вредности и иницијативни императиви во културниот живот, првенствено во полето на визуелните уметности - нагласи Љубица Јанчева.
Таа додаде дека осознавањето на новите културни вредности и императиви, како и нивната реализација е стимулирана преку воспоствувањето нови меѓународни партнерства и размени, и учество на уметниците и кураторите од градот Скопје во програмските активности, што се оддржуваат во градовите-партнери во проектот .
- Задоволство ми е што Град Скопје е партнер во Проектот, а уште поголемо е задоволството што овој и ваков Проект, ќе поттикне на понатамошно восприемање на уметноста како олицетворение на духовната и креативната убавина на авторите на уметничките дела – резимираше Јанчева .
Присутните учесници и гости на настанот, ги поздравија и директорката на Музеј на Град Скопје, Фросина Зафировска, и програмскиот експерт во проектот Креатр, Јасминка Намичева.
Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции.
Во проектот КРЕАРТ (CreArt) учествуваат 12 градови од 9 земји, и во него освен Скопје се вклучени и Ваљадолид од Шпанија, Џенова од Италија, Ливерпул од Велика Британија, Клермон-Феран и Руан од Франција, Загреб од Хрватска, Каунасод Литванија, Лублин и Катовице од Полска и Авеиро од Португалија.
- ВЕСТИ
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност