ИЗВЕСTУВАЊЕ 22.3.2017

Се известуваат сите корисници на јавни површини за вршење на дејност надвор од деловен простор дека летната сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема почнува од 01.04.2017 година до 30.10.2017 година.

Заинтересираните корисници на јавни површини за добивање на Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, за летната сезона 2017 своите Барања треба да ги достават во архивата на Град Скопје најдоцна до 31.03.2017 година.

Барањето за издавање на Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема може да го најдете на веб порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk или во архивата на Град Скопје барака16.

Корисниците на јавни површини кои имаат одобрение од летната сезона 2016 година, трба да го достават стариот елаборат (оригинал), нова тековна состојба, за сопствен имот имотен лист и употребна дозвола за деловниот простор.

По доставениот доказ за исполнетите обврски кон Градот и Општините, Град Скопје се обврзува во рок од 5 работни дена да издаде Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, во согласност со Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на град Скопје (сл. гласник на Град Скопје бр.3/10, 3/11, 18/11, 11/14 и 16/15) и Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема (сл. гласник на Град Скопје бр.3/10 и 16/15 ) .

Дополнителни информации на телефон 3297 209.