ПОДНЕСЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 2100 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИЈА ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕД 24.6.2017
Од објавувањето на јавниот повик до денеска на шалтерите на Град Скопје се поднесени повеќе од 2100 барања за субвенција за купување велосипед.
Формираната Комисија секојдневно ги обработува пристигнатите барања и одлучува по истите согласно однапред донесените критериуми за добивање на субвенции за набавка на велосипед.
Имајќи во предвид дека средствата кои Градот Скопје ги предвиде за оваа намена се ограничени (10 милиони денари) и истите се речиси исцрпени, апелираме до сите заинтересирани за добивање на надоместок на дел од трошоците за набавка на велосипед истото да го сторат што е можно поскоро.
Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, треба да се достави до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.
Јавниот повик со критериумите и барањето се достапни на следната интернет врска
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
