Јавен повик за финансиска поддршка на програмски активности на здруженија и фондации 28.1.2016

Врз основа на Програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2016 година (Сл. Гласник на Град Скопје број 17/25.12.2015), Градот Скопје објавува

Јавен повик за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2016 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на Град Скопје за 2016 година Потпрограма  Е0, подставка 463190 – Трансфери до невладини организации, Потпрограма  Е0, подставка 463110 - поддршка на иницијативи и манифестации на здруженија и фондации наменети за финансирање на програмските активности на здруженија на граѓани и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ“, бр.130/07) и врз основа на Програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2016 година и критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

I.              Видот на проектите кои ќе бидат поддржани

Во рамките на овој Јавен повик финансиски ќе бидат поддржани:

а) Програмски активности на здруженија и фондации, во вкупен износ од 1.500.000,00 денари, преку грантови за проекти од следниве приоритетни области:

1.Подигнување на свеста и поддршка на  иницијативи за социјално и младинско  претприемништво кај граѓанските организации

2.Одржлив развој на Град Скопје (енергетска ефикасност, транспорт,обновливи извори на енергија,паметен град – иновации)

3.Поддршка на здрави животни навики

4.Поддршка на активно учество во регионални иницијативи, проекти и проекти од Европските програми

5.Градење на капацитетите на здруженијата за подготовка на проекти согласно програмите на Европската унија

б) Манифестации на здруженија и фондации, во вкупен износ од 500.000,00 денари, преку грантови за проекти од следниве приоритетни области:

  1. Промоција на здрави животни навики кај младите
  2.  Ден на здруженија и фондации (НВО Саем)

2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства

Средствата се однесуваат за 2016 година.

Користењето на доделените средства ќе биде специфицирано во Договорот помеѓу здружението/фондацијата и Град Скопје.

3. Основни организациски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондации кои учествуваат на овој повик се:

  • Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации со седиште во Скопје;
  • Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.

4. Проценка на квалитетот на проектите

Проценката на квалитетот на проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на следниве критериуми:

Критериуми

Максимум бодови

1. Организациска структура и ресурси

40

1.1 Дали здружението и фондацијата имаат потребна организациска структура и човечки ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери, хонорарно ангажирани лица, избалансирана застапеност на жените и мажите во организацијата)

10

1.2 Стручни лица кои учествуваат во спроведување на проектот

10

1.3 Дали здружението и фондацијата располагаат со канцелариски простор и техничка опрема за спроведување на проектот

10

1.4 Дали годишниот буџет на здружението и фондацијата за последната календарска година ја надминува висината на грантот

10

2. Кофинансирање на проектот

10

2.1 Дали здружението или фондацијата обезбедува процент на сопствено учество во остварување на проектот

10

3. Квалитет на проектот

50

3.1 Колку општата цел на проектот ќе придонесе кон реализација на дадените приоритети, колку е јасна и соодветно определена

10

3.2 Понудени квалитетни и иновативни решенија во предлог проектот

10

3.3 Обезбедена вклученост на други институции и организации

10

3.4 Дали планот за спроведување на проектот е јасен и остварлив

10

3.5 Дали предложениот финансиски план е реален (описот на трошоци по категории позиции соодветствува со пазарните цени)

10

Секоја област од посебните програмски критериуми ќе се вреднува со 1 бод, 5 бода или 10 бодови, со следното значење: 1-не, 5-делумно и 10-да.

5. Потребна документација која здружението/фондацијата треба да ги достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Покрај Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации која треба да биде пополнета (со печатни букви во кирилско писмо), потпишана од застапникот на здружението или фондацијата и заверена со печат на здружението или фондацијата, здружението или фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:

  • Статут на здружението или фондацијата;
  • Фотокопија од решението за регистрација на здружението или фондацијата;
  • Компјутерски пополнет Образец за Предлог проект;
  • Извештај за добиените средства од Буџетот на Град Скопје во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација (доколку организацијата била корисник на средства доделени од Буџетот на Град Скопје за  2014 година);
  • Годишен извештај на здружението или фондацијата за 2015 година;
  • Фотокопија од последната завршната сметка;
  • Уверение за платени даноци издадено од даночните органи.

6.    Придружна документација

Здруженијата и фондациите во прилог треба да ја достават и следнава придружна документација:

  • професионална биографија на стручните лица кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот,
  • референтна листа или доказ (на пример: потпишан договор) за најмалку 2 проекти реализирани во областа за која се аплицира,
  • најмалку две мислења/референци од партнери или донатори за реализација на претходни проекти,  и
  • писмена поддршка од други организации или институции за кои е планирано да земат учество во реализацијата на проектот

Здруженијата на граѓани и фондации можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект или манифестација.

Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.

7. Рок и начин на доставување на пријавите

Рок за поднесување на пријавите е до 05.02.2016 година до 15 часот

8.    Период на реализација на проектите

До 1 (први) декември 2016

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, во затворен коверт на адреса: Град Скопје, Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации , бул. “Илинден“ бр.82 , 1000 Скопје  преку архивата на Град Скопје до 15 часот (со назнака -  Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации  – Пријава за јавен повик).

Здруженијата или фондациите учеснички на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Град Скопје за 2016 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации и Образецот за Предлог – проект, се достапни во просториите на Град Скопје, Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации и на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk и www.skopje.gov.mk/nvo.

Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Одделението за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации.  

Контакт: Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации, тел: (02)  3 207 525 e-маил адреса:antonio.karalanov@skopje.gov.mk.