ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ ОД ИНТЕРЕС НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2018 ГОДИНА 13.2.2018

За остварување на јавните потреби во областа на спортот, Град Скопје распиша Јавен повик за финансирање програми и проекти во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2018 година.

Средствата за финансирање на програмите и проектите ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје за 2018 година.

Врз основа на оценките за извршените програми во 2017 година, Град Скопје со Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје за 2018 година, со следниве четири (4) глави од Програмата, ќе поддржува:

 

1. ТРАДИЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ

2.  МАНИФЕСТАЦИИ ОД ОСОБЕН ИНТЕРЕС НА ГРАД СКОПЈЕ,

3. ПОДДРШКА НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ НА ДРУГИ СПОРТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ИНТЕРЕС НА ГРАД СКОПЈЕ и

4. ДОПОЛНИТЕЛНО УТВРДЕНИ АКТИВНОСТИ ВО СПОРТОТ.

 

Предложените програми и проекти, програмски активности и манифестации, покрај образложението мора да содржат и предлог финансиска конструкција во што ќе бидат наведени средствата што се бараат од Буџетот на Град Скопје, како и средствата обезбедени од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, сопствени приходи и средства од други извори.

Покрај наведените области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат целите и критериумите што се дадени во прилог на јавниот повик што е објавен на официјалната веб-страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување пополнета пријава (апликација). Апликантите, покрај пријавата задолжително треба да ги достават и следните документи:

- решение за упис во регистарот и тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци, издадени од Централен регистар на Република Македонија;

- потврда за отворена и активна жиро-сметка со банката и

- во зависност од статусот на апликантот, да се достави Решение за вршење  дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт на  Р. Македонија.

 

Потребните податоци, како и предлог-програмите и проектите, програмските активности и манифестации, со финансиската конструкција треба да се достават на посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб-страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Јавниот повик трае вкупно 15 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

Јавниот повик се објавува на 07.02.2018 година и трае до 21.02.2018 година.

Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 21.02.2018 година до 15 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака: за „Јавен повик за распоредување буџетски средства за финансирање на програми и проекти во областа на спортот од интерес на Град Скопје за 2018 година“.

Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на субјектот кој ја поднесува пријавата.

Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: 02/ 3297-238 и 02/ 3297-320.