ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК-СЛАЛОМ „ИКАС 2016“ 25.4.2016
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на финалните трки од натпреварите во Илинденски Кајак-Слалом „ИКАС 2016“ кои се одржаа денеска (10.04.2016 година, недела) во СРЦ „Матка“
Станува збор за една од најстарите и најквалитетните традиционални спортски манифестации во градот Скопје и во Република Македонија.
- На овогодинешното, 48-мо по ред Илинденски Кајак-Слалом учествуваат повеќе од 200 кајакари од 15 држави, со што продолжува одличната организација на оваа спортска манифестација. За потсетување, во 2014 година градот Скопје беше домаќин на една прекрасна манифестација – Европското првенство во кајак
слалом за јуниори, кога на патеката во Матка беа пријавени околу 400 кајакари од 30 европски држави. Сакам да им посакам добар настап и убав престој во Скопје на учесниците. Град Скопје ја поддржува оваа меѓународна спортска манифестација и нашата поддршка ќе продолжи и во иднина, кажа градоначалникот Трајановски.
И оваа година за љубителите на кајакот ЈСП –Скопје организира бесплатен автобуски превоз во 9 и во 11 часот од Скопје кон Матка и враќање во 16 и во 18 часот од Матка за Скопје. На средување на просторот околу патеката работеа и екипи на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „ Паркови и зеленило“ за да го направат попријатен амбиентот за сите присутни на оваа голема спортска манифестацијата.
Град Скопје финансиски го поддржува „ИКАС 2016“ со 190.000 денари.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ


