ПОРАДИ КАСТРЕЊЕ НА ГРАНКИТЕ ВО ЦЕНТАР, БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ВОЗИЛАТА ВО КАТНАТА ГАРАЖА КАЈ „БЕКО“ 21.2.2018
Утре (16.02.2018 година, петок) екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Градски паркинг“ ќе спроведат акција за кастрење гранки на отворени паркинзи на повеќе локации во Центар.
Оваа акција на кастрење гранки ќе се спроведе на следниве паркинзи:
- паркинг А5 (ул. Орце Николов бр. 20, 29 и ББ, ул. Скопска бр. 9)
- паркинг А6 (ул. Максим Горки бр. 1, 3, 3а, 5, 7, 8а, 9, 10, 11, 14, 16, 16а, 17, 18, 19, 20 и 21, ул. 8 Ударна бригада бр. 2, 20, 20а, 20б, 24 и 31а, ул. Васил Главинов бр. 7а и 7б, ул. Скопска бр.9, 9а, 15 влез 1 и 2, ул. Лермонтова бр.3 и ул. Никола Вапцаров бр.2, 8 и18)
- паркинг А1 (бул. ВМРО бр.1 влез, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и бр.3)
- паркинг А3 (ул. Даме Груев бр.7 блок 4 со влезови од 2 до 9, и ул. Вељко Влахович бр.21 и 23)
Поради организирање на акцијата горенаведените паркинзи ќе бидат затворени, а станарите и правни субјекти коишто се паркираат на овие паркинзи можат да се паркираат на катна гаража кај „БЕКО“ во текот на денот.
Акцијата се спроведува заради овозможување поголема видливост на возачите, ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.
Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, за што ќе бидете навремено информирани.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
