СЕ ПОСТАВУВААТ КАТАДИОПТРИ ЗА ПОДОБРА ВИДЛИВОСТ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА 29.3.2017
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат катадиоптри на улицата Ѓорче Петров, на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ и улицата Воин Драшковиќ до мостот за Сарај. Новите катадиоптри ќе им овозможат на возачите подобра видливост на хоризонталната сигнализација, односно подобра рефлексија.
Катадиоптрите се поставуваат во средината на двојната полна лента на коловозот. Тие се со бела рефлексија и се поставуваат на растојание од 1 метар, 3 метри и 5 метри. Во иднина вакви катадиоптри ќе се поставуваат и на пешачките премини, односно на зебрите.
Поставувањето на катадиоптрите ќе продолжи и во текот на наредните денови на булеварот Партизански одреди, кај влезот во пунктот на ЈСП, кај влезот во пазарчето во Ѓорче Петров, кај влезот во поликлиниката „Ѓорче Петров“ и на кружниот тек на булеварот Партизански одреди, кај црквата „Свети Петар и Павле“.
Поставувањето на катадиоптрите ќе се изведува и на други сообраќајници во градот според однапред утврдената програма од Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
