УШТЕ ДВЕ КИНОПРОЕКЦИИ НА ОТВОРЕНО ВО ГРАДСКИОТ ПАРК 17.9.2018
Во рамките на септемвриското издание на концептот Градски летен парк се вклучува и фестивалот на европски филм, CINEDAYS, во организација на Младинскиот културен центар. Како најава за неговото 17. издание, МКЦ повторно организира бесплатни филмски вечери преку Кино на отворено. Убавата приказна што почна во јуни со „Исцелител“ и „Avec l’amour“, ќе продолжи во четврток (13 септември), со проекција на еден од најпознатите филмови од режисерот Вуди Ален - „Ирационален човек“ („Irrational Man“).
.jpg)
Следната вечер, петок (14 септември) на големото платно во Градски парк ќе биде прикажан визуелно спектакуларниот филм „Големата убавина“ („La Grande Bellezza“) од италијанскиот режисер Паоло Сорентино.
Двете бесплатни филмски вечери (четврток и петок) започнуваат во 20 часот во Градски парк - Школка.
.jpg)
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
