КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ЗА СОВЕТНИЧКАТА ИРЕНА СТАНКОСКА И РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 16.1.2018
Денеска Советот на Град Скопје одржа комеморативна седница за Ирена Станкоска, член на актуелниот Совет на Град Скопје. На седницата присуствуваа и членови на семејството на Станкоска, а се отвори и книга на жалост.
По завршувањето на комеморативната седница, Советот на Град Скопје ја продолжи работата со редовната 4-та седница на која беа донесени голем број одлуки, планови и програми за работа на Градот Скопје.
На денешната седница Советот на Град Скопје ги донесе следните одлуки: Oдлукa за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и Општината Сарај, за изработка на проект за ревитализација на Езерото Треска; Одлука за доделување на парични средства на СОС Детско село – Македонија; Oдлука за давање субвенции на ЈП „Градски паркинг“ за 2018 година; Одлука за давање согласност за годишен план за вработување на Град Скопје за 2018 година; Одлука за одобрување финансиски средства за вработување на определено време; Одлука за изменување и дополнување на одлуката за организирање на јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла-Скопје во Друштво со ограничена одговорност; Одлука за давање субвенции на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје за 2018 година; Одлуки за именување членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија; Одлуки за именување членови на управните и надзорните одбори на јавните установи; Одлуките за именување членови на надзорните одбори на јавните установи, како и Одлука за именување на претставници на Градот Скопје во Управниот одбор на Јавната здравствена установа Здравствен дом на Скопје.
На седницата Советот донесе поголем број планови и програми за работа, и притоа беа донесени следните: Планот за енергетска ефикасност на Град Скопје за 2018 година; Програма за управување со отпад на подрачјето на Град Скопје за 2018 година; Програма за поддршка на локалниот економски развој во Град Скопје за 2018 година; Програма за финансирање на проекти за развој на занаетчиството,
угостителството и трговијата на Град Скопје за 2018 година; Програма за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите, на Град Скопје за 2018 година, како и Програмата за активностите од областа на социјалната, детската и здравствената заштита во Град Скопје за 2018 година.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
