СО КОНЦЕРТОТ НА БАЈАГА ЗАВРШИ ПРВИОТ ВИКЕНД ОД СУПЕР СКОПЈЕ 01.9.2017
![]() |
![]() |
Со спектакуларниот концерт на Бајага и Инструктори и официјално заврши првиот викенд со многу музика и забава во рамки на проектот „Супер Скопје“.
И вчеравечер Кејот 13 Ноември беше преполн каде присутните се забавуваа на одличната музика и хитовите на Бајага и Инструктори.
Претходната вечер (петок) Кејот 13 Ноември беше исто така преполн каде свој концерт одржа Сергеј Четковиќ.
Со ова заврши првиот викенд од „Супер Скопје“, а забавата наредната недела се префрла во Старата Скопска Чаршија, каде на 25 август (петок) забавата ќе биде на плоштадот Скендер Бег каде ќе настапат Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ, додека на 26 август (сабота) забавата ќе биде на плоштадот пред „Свети Спас“ каде ќе настапат Офкестра (Offcestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).
- На 1 и на 2 септември забавата ќе се организира на улица Македонија, каде:
На 1 септември (петок) ќе настапат Ди Џеј Баже (Антена 5), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева
На 2 септември (сабота) ќе настапат Ди Џеј Дела (DJ Dela), Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе
- На 8 и на 9 септември забавата ќе се организира на Боемската улица во Дебар Маало, каде:
На 8 септември (петок) ќе настапат Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин
На 9 септември (сабота) ќе настапат Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар
Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).
За потсетување, согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час .
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
