РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА 13 НОЕМВРИ 27.9.2017

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, го распиша Конкурсот за доделување на Наградата „13 Ноември“ за 2017 година.

Наградата „13 Ноември“ се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот Скопје и за неговит севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и на правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и на студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Конкурсот беше објавен во весниците:  „Дневник“, „Вечер“ и „Коха“.

Пријавите за Наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на Наградата заклучно со 10 септември 2017 година, (архива-барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк).

Наградите се врачуваат на посебна свеченост на која  Градоначалникот на Град Скопје, на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на градот.